САД почнаа да и бројат време на Украина

February 15, 2023
1 min read

На страна ветувањата за поддршка на Украина без разлика колку време ќе трае војната, луѓето од Белата куќа порачуваат дека последните мега пакети на помош од САД и сојузниците, „се најдобрата шанса на Киев одлучно да го промени текот на војната.“

Моменталната реалност е дека голем дел од републиканците во Претставничкиот дом се за намалување на поддршката, а луѓето од Белата куќа не се баш уверени во долгорочната подготвеност на Европа да ја финансира војната.

„Ќе продолжиме да се обидуваме да ги убедиме дека не можеме да правиме сè и сешто засекогаш,“ изјавил еден од американските функционери за Пост, дополнувајќи дека администрацијата има „многу силен став“ дека ќе биде тешко во иднина од Конгресот да се обезбеди истото ниво на безбедносна и економска помош.

Пораките од Вашингтон доаѓаат во време кога украинската контра-офанзива целосно издиша и двете страни се заглавени во безмилосно трошење човечки животи околу Бахмут.

Моментално администрацијата на Бајден работи на тоа Конгресот да одобри дополнителни 10 милијарди долари буџетска помош на Киев, а следната недела се очекува да биде објавен уште еден голем пакет воена помош.

„Критичната природа на следните неколку месеци веќе му е најдиректно пренесена на Киев од највисоките функционери на Бајден – вклучително заменикот советник за национална безбедност, Џон Фајнер, заменикот државен секретар, Венди Шерман и потсекретарот за одбрана, Колин Кол, кои минатиот месец ја посетија Украина,“ пишува Пост.

Во исто време со пораките, дел од аналитичарите сметаат дека ни во следните месеци, без разлика на најавените офанзиви, ниту Русија, ниту Украина е веројатно дека ќе постигнат одлучувачка воена предност. Нивните процени се дека и двете страни играат на долга војна.

Последниот пакет воена помош од САД, од 45 милијарди долари, се очекува да ѝ трае на Украина некаде до почетокот на летово.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“

Следно

Чавушоглу: „Ерменија подаде рака на пријателство во ова тешко време и покажа солидарност“

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop