Трамп води пред Харис во последната анкета за претседателските избори, економијата главна загриженост на гласачите

October 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Како што се наближуваат претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), најновите анкети покажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп води пред потпретседателката Камала Харис во трката, а економијата игра главна улога во одлуките на гласачите, јавува Анадолу.

Анкетата објавена во четвртокот од страна на Сеамериканското економско истражување на „Си-ен-би-си“ покажа дека Трамп води пред Харис со 48 отсто наспроти 46 отсто на национално ниво, со маргина на грешка од 3,1 отсто.

Во седумте „свинг“ држави – Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин – Трамп води пред Харис со 48 отсто наспроти 47 отсто, со маргина на грешка од 4 отсто за тој дел од анкетата.

Ова истражување истакна дека многу гласачи ја гледаат економијата како најважно прашање, при што значителен број му веруваат на Трамп дека ќе се справи со тоа подобро од Харис.

Според истражувањето на „Си-ен-би-си“, 42 отсто од гласачите веруваат дека би биле во подобра финансиска состојба доколку Трамп биде избран, наспроти 24 отсто кои се за Харис.

Околу 29 отсто веруваат дека нивната финансиска состојба ќе остане иста без разлика кој ќе победи.

Слично, анкетата спроведена од „Фајненшал тајмс“ во соработка со Бизнис-школата Рос на Универзитетот во Мичиген даде слични наоди. Откри дека 44 отсто од гласачите повеќе му веруваат на Трамп за економските прашања, додека 43 отсто ја поддржале Харис.

Според анкетата, на прашањето кој ќе им помогне финансиски, 45 отсто го избрале Трамп, додека 37 отсто ја избрале Харис.

Во меѓувреме, „РилКлирПолитикс“ (RealClearPolitics), која ги следи националните и регионалните анкети, утврди дека Харис води со 0,3 процентни поени на национално ниво. А, Трамп има предност од 0,9 поени во седумте „свинг“ држави.

Друга анкета објавена од „Волстрит журнал“ во средата, покажа дека Трамп е два процентни поени пред Харис на национално ниво. Анкетата покажа дека Трамп има поддршка од 47 отсто, додека Харис 45 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Следно

Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop