М-НАВ доби нов Управен одбор

October 25, 2024
1 min read

Денеска од М-НАВ информираат дека Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити.

Надзорниот одбор на истата седница со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.

На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.

Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.

Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година.

Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид.

Климент Чепуњоски е Извршен директор  на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид.

Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија.

Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни.

Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни  воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дерала: Борбата ќе продолжи и ние ќе победиме

Следно

Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop