Муцунски се обрати на настан по повод Денот на Обединетите Нации

October 25, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера по повод 24 октомври, Денот на Обединетите нации, учествуваше на настанот за одбележувањето на 79 години од основањето на Организацијата на обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје во организација на Канцеларијата на Резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.

„Проблемите со кои се соочуваме како држава и можните решенија ќе ги дефинираме сите ние заедно: Владата, граѓаните, приватниот сектор, и академскиот свет, а се со една цел-остварување на Целите за одржлив развој и создавање на просперитетно и одржливо општество. Малите животни промени на дневна основа се токму тие што ќе ги донесат видливите и големи промени во нашето општество и секојдневно живеење.“, истакна Муцунски.

Натаму, во своето обраќање Муцунски се осврна на неодамнешниот избор државата во Советот за човекови права на ОН, што претставува престиж и обврска, потенцирајќи ги нашите заложби за заштита и промоција на човековите права кои преку активно членство во Советот ќе бидат високо на агендата и натаму ќе се унапредуваат и обезбедуваат.

„Ние остануваме максимално посветени на глобалните процеси и на целите за одржлив развој и ќе продолжиме да ги промовираме суштествените вредности на ОН и да бидеме доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели на ОН – унапредување на човештвото, мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста“, нагласи министерот Муцунски.

Тој додаде дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, имаат незаменлива улога во градењето и подобрување на просперитетна и инклузивна иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата: Навремената детекција може да спаси живот

Следно

Дерала: Борбата ќе продолжи и ние ќе победиме

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop