Таравари: Мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени

October 24, 2024
1 min read

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе биде излез на нашата држава од ќорсокак и од декември ќе ги започнеме уставните измени.

– Ајде да бидеме искрени до крај, вoопшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, тоа не е проблем, ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата. Тоа не е пречката, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа што не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и изборите во САД, мислам дека ќе се изнајде решение што ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени, изјави Таравари во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

Тој кажа дека пораките од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, биле многу јасни.

– Пораката беше јасна, ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но, условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот кој бара гаранции. Не се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции, смета министерот за здравство.

Тој смета дека нашата држава заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно.

– Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и он сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово, додаде Таравари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: ЕУ е со вас

Следно

Таравари се вакцинираше против сезонски грип, антиваксерството во иднина ќе биде казниво со закон

Latest from Blog

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,
Go toTop