ВИДЕО: Ѓорѓиевски со апел до Костадинов и Јакимовски: Да се вразумат, вратата во ЗЕЛС е отворена

October 24, 2024
1 min read

Претедателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска преку изјава за медиумите упати апел до градоначалниците на Струмица, Костадин Костадинов и на општина Карпош, Стевче Јакимовски да се вразумат и малку посериозно да погледнат на нивната одлука.

Како што вели, вратата во ЗЕЛС им е отворена.

„Доста несериозно од страна на двајцата мои колеги градоначалници е тоа што одредени нивни погледи кон ЗЕЛС или кон централните институции ги соопштуваат едниот преку Фејсбук статус, а другиот закажувајчи прес конференција без претходно да бидам како претседател на ЗЕЛС информиран за било какви недоразбирања или проблеми“, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека досега не се информирани за било какви проблеми, а исто така не е стигнато ни барање за излегување од ЗЕЛС од страна на општините.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на стихозбирката „Град без сенка“ од Никола Наумовски

Следно

Првиот човек на ЗЕЛС за КУРИР: Да не се ставаат во заложништво жителите на цели општини заради лични причини или политички побуди

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop