Запалено возилото на новинар од Штип

October 24, 2024
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов, уредникот на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип.

Инцидентот се случил во текот на изминатата ноќ во кој патничкото моторно возило на новинарот и уредник од штипската телевизија М-нет, било запалено од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа. Со ова сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на новинарот и на неговите соседи.

Колегата Серсемов за ова тенденциозно уништување на неговиот личен имот изјави: „Ова го сметам за директен удар врз сите медиуми, не само кон мене лично. Дефинитивно е загрозена безбедноста и на членовите на моето семејство“.

Ваквиот чин на вандализам претставува сериозна закана за безбедноста на новинарите и медиумските работници, како и напад врз слободата на говорот и правото на јавноста да биде информирана.

Затоа, ЗНМ го повикува МВР веднаш да преземе мерки за целосно и брзо расветлување на случајот, идентификување и санкционирање на сторителите.

Освен ова, колегата Серсемов има и правни притисоци оваа година и тој се соочува со неосновани тужби за клевета за што адвокатите на ЗНМ го застапуваат во Основниот суд во Штип.

Заканите од ваков тип се неприфатливи во едно демократско општество кое тежнее кон заштита на медиумските права и безбедноста на сите новинари. Овој напад не е само физички чин на уништување на имот, туку има за цел да ги замолчи новинарите и да го заплаши медиумскиот сектор во земјава во целост.

За овој случај ЗНМ ќе ги извести меѓународните новинарски организации кои ги следат правата и медиумските слободи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

Следно

Германија повикува на разоружување на Хезболах, повлекување на израелската армија од Либан

Latest from Blog

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот

Спречен е обид за атентат врз Трамп- уапсен е тиктокер, ФБИ со вознемирувачки детали (ВИДЕО)

44-годишен маж од Тенеси е обвинет за објавување бројни насилни закани на интернет, ветувајќи дека ќе ги убие американскиот претседател Доналд Трамп, директорот на ФБИ, Кеш Пател и неколку локални функционери, предупредувајќи

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова по средбата со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Во рамки на официјалната посета на индиската претседателка, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката Друпади Мурму. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувана госпоѓо претседателка,

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во
Go toTop