Четврта победа на Алкалоид во шаховската „Лига на шампиони“

October 24, 2024
1 min read

ШК Алкалоид со четврта победа во низа на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија, со учество на 84 најдобри екипи од Стариот Континент, уште еднаш го покажа својот потенцијал за успех на меѓународната сцена.

Овој пат совладан беше словенечкиот тим „ШК Тајфун“ од Љубљана. Иако победата од 3,5:2,5 важи за минимална, двата бода што шахистите на Алкалоид ги освоија со триумф во четвртото коло ги вбројува во европската елита каде што се наоѓаат само четири екипи со максимален учинок, односно осум бода за четири победи.

Прв својата партија ја заврши Велемајсторот Аравинд Читамбарам, искористувајќи ја невнимателноста на поранешниот Европски првак Иван Шариќ, и Алкалоид поведе со 1:0 во мечот. На третата табла Ју Јангји, со бели фигури одигра креативна партија со жртва на централен пешак за иницијатива, но сепак по долги маневри црниот успеа да ја одржи позицијата со реми завршеток. Очекувано, на првата табла, Ајрун Еригаиси со бели фигури, во комплицирана позициона партија, долго се обидуваше да дојде до позначајна предност, но противникот успеа да одржи реми.

Многу значајна победа извојува С.Л. Нарајан на петтата табла, против хрватскиот репрезентативец, Велемајсторот Анте Бркиќ. При водство на ШК Алкалоид од 3:1, уследи неочекуван пораз на Ји Веи со црни фигури на втората табла – уште од отварањето западна во тешкотии против Нодирбек Јакубоев, кој со репрезентацијата на Узбекистан освоија Олимписко злато 2022 година. Конечниот резултат беше поставен откако Александар Инѓиќ во тешка позиција по долга борба против Самвел Тер Сахакјан успеа да донесе половина поен за конечни 3,5:2,5 победа на Алкалоид.

Дека рангирањето согласно просечниот рејтинг е само индикација за потенцијалот на еден тим, беше докажано во останатите три дуели од четвртото коло, каде што најдобрите осум екипи играа меѓу себе. Прворангираните „СуперЧес“ од Романија доживеаја непријатно изненадување од петторангираниот тим „Туркиш Ерлајнс“ кој прокнижи победа од 4:2, при што уште еден поранешен „алкалоидовец“ блескаше на првата табла: Дмитри Андрејкин му нанесе пораз на индискиот велемајстор Гукеш, кој веќе следниот месец ќе биде предизвикувач за титулата светски шампион.

Слично беше и во дуелот на вториот турски клуб „Бајеган Пендик“ (четврти носител), кој беше поразен од „Нагиканижаи“ од Унгарија (осми носител), исто така со 4:2. Последниот дуел на водечките осум заврши со минимална победа од 3,5:2,5 на „Нови Бор“ од Чешка, откако благодарение на победата на ВМ Винсент Кејмер го скршија отпортот на „Ајка Сентименто“ од Унгарија.

Играчите на ШК Алкалоид ќе преноќат на првата позиција на табелата, а веќе утре во рамки на 5.коло ги очекува дуел со „Туркиш Ерлајнс“, додека „Нови Бор“ ќе игра со „Нагиканижаи“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот на убиени од почетокот на израелските напади врз Либан надмина 2.570

Следно

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop