Наскоро 1.500 вработувања во здравството, 300 идната година

October 21, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист дека наскоро ќе се најде решение за колективен договор, кој ќе го опфати целиот медицински персонал. Тој вечерва, во телевизиско гостување, најави 1 500 вработувања наскоро и 300 идната година.

Оваа недела, рече Таравари, со премиерот и министерката за финансии ќе го разгледаат колективниот договор со кој би се решило прашањето на медицинските работници барем за наредните десет години. Тој очекува најмалку 1 800 вработувања во првата година од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ.

Како што потенцира министерот, идејата за нов клинички центар не е откажана, но прво треба да се изградат болниците во Штип и Кичево.

-Ние сме во преговори со сите здравствени синдикати и се надевам дека набргу ќе седнеме, мораме да седнеме со премиерот и да се договориме за колективниот договор којшто би бил решение за сите здравствени работници. И тоа е решение за следните десет години, да немаме главоболки со медицинските работници. Јас се надевам дека неделава ќе седнеме и со министерката за финансии и со премиерот и со здравствените синдикати за евентуално да се договориме. Секако дека ќе има покачување на платите, посебно кај средномедицинскиот персонал, напомена Таравари во интервјју за „360 степени“.

Според него, има добро расположение кај премиерот да се изнајде решение за „договорците“ кои се ангажирани со години.

-Има луѓе кои се по пет до десет години „договорци“. Работат во здравство со плати под минималната и мислам дека е греота за тие луѓе. Мораме да изнајдеме решение и се обидуваме. Се надевам дека набрзо и тоа ќе го кажеме дефинитивно дали ќе биде. Оптимист сум дека ќе ја завршиме оваа работа. За 600 доктори специјализанти, тие што протестираа десет години, веќе има решение и оваа година ќе се вработат 300 и идната година уште 300. Тоа се вкупно 600 доктори, тоа е огромен „буст“ за јавното здравство. И ако успееме 1 200 средномедицински кадар, генерално ќе бидат болничари, хигиеничари, сестри, лаборанти, тоа се 1 800 вработувања, нагласи министерот за здравство.

Тој е дециден дека апсолутно е неопходен нов клинички центар.

-Искрен да бидам до крај, повеќе министри кажале дека ќе направиме нов клинички центар и никогаш не се изградил за 30 години. Мене ми изгледа несирозно сега да кажам дека ние ќе изградиме. Јас како министер за здравство сум го споделил ставот со премиерот дека на Македонија во Скопје и треба нов достоинствен клинички центар. Ако почнеме денеска со клинички центар, минимум ќе ни требаат 5 до 7 години за да биде тоа функционално и сите пациенти, доктори, медицински персонал да одат во новиот клинички центар, подвлече Таравари.

Работна група, информира, веќе интензивно работи на интегрирање на Клиничкиот центар, на здравствените домови и болници, но за целиот тој процес ќе треба време, а 1 јануари 2026 е најоптимистичниот датум за клиниките интегрирано да профункционираат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Видеолотарија со донација од два милиони, изгради детско игралиште во Општина Кисела Вода

Следно

Европејците не и веруваат на вештачката интелигенција

Latest from Blog

ВЛЕН: Со затворањето на отпадот на ДУИ се става крај на долгогодишниот срам и неодговорност

Коалицијата ВЛЕН утрово соопшти дека е затворена дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владеењето на ДУИ, која со години го труела воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа

Практичната настава во „Булмак 2016“ создава идни инженери и рудари од Македонија, Хрватска и Норвешка

Над триесетина средношколци и десетина студенти годишно посетуваат пракса во „Булмак 2016“ во Пробиштип. Компанијата, која управува со двата поголеми рудници за оловно-цинкова руда Злетово и Тораница, има потпишано договори со средните

Општина Битола: „Песни од срцата“ – музичка вечер со Ана и Игор Дурловски

Културниот информативен центар (КИЦ) Битола ја заокружува летната културна сезона со концертот „Песни од срцата“, кој ќе се одржи утре, среда, со почеток во 20.00 часот, на големото плато пред Офицерски дом.

Се враќа СЛУЖЕЊЕТО ВОЈСКА! Пет категории ослободени, а еве кој мора

Началникот на генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, неодамна потврди дека српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена. „Започнавме со набавка
Go toTop