ДУИ одржува Централно претседателство

October 21, 2024
1 min read

По повик на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од 15 часот во партиското седиште почна 16-тиот состанок на нивното Централното претседателство (Претседателство на Генералниот Совет). Портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми рече дека точки на разгледување се актуелната политичка ситуација и предлогот од страна на ограноците да се одржуваат отворени состаноци со граѓаните.

-На Централното претседателство ќе се дискутира тоа, се очекува да учествуваат на тие состаноци и највисоките претставници на ДУИ, рече Адеми.

На новинарските прашања дали ќе се разговара на состанокот за евентуални протести на ДУИ, кои порано беа најавувани, поради несогласување со владините политики, Адеми со одговор дека протестите се дел од агендата, но како точка се уште не е разгледана од органите и телата на ДУИ.

-Ние како ДУИ како самостојна политичка партија, ние самите ја утврдуваме агендата и чекорите кои треба да ги преземе и како политичка партија но и како партија која партиципира во една политичка коалиција наречена Европски фронт. Воопшто не се работи за радикализација. ДУИ е државнотворна партија која се залага за обезбедување европска перспектива за сите граѓани, за подобро утре за сите граѓани. Е сега преземањето на политичките чекори од наша страна не треба да се толкуваат во ваква насока. Ние сме функционални, работиме во полн капацитет. Така што и тој предлог кој доаѓа од ограноците е токму таа работа на полн капацитет на сите ограноци на ДУИ. Предлогот е од нивна страна, кој произлезе токму од редовните состаноци и работни средби што ги имаме тука во ДУИ. Секој ден е работен ден за ДУИ, рече Адеми.

На прашање дали ќе се разговара за пратеничкиот состав по најавата на ДПА и Мендух Тачи за напуштање на коалицијата Европски фронт, Адеми рече дека тоа не е на дневен ред.

-Пратеничката група која ја сочинуваат сите политички партии кои припаѓаат на Европскиот фронт е функционална и функционира со полн капацитет. За оваа тема не знам дали ќе се разговара. Не е предвидена како посебна точка на дневен ред, бидејќи нема загрижувања околу тоа дали ќе има некое преместување на некој пратеник или на одредена политичка партија, изјави Арбр Адеми.

И членот на претседателството Артан Груби даде изјава за медиумите во која рече дека протестите се дел од демократските мерки, но се зависи од одлуката на Централното претседателство.

-Радикализација не е на дневен ред воопшто. ДУИ не е анархистичка партија која што би предизвикала било каква дестабилизација. Не е во агенда, не ни е во план и ќе преземеме само демократски мерки за било што да изразиме кон јавноста. ДУИ е конструктивна државнотворна партија. Ќе разговараме за демократски мерки, истакна Груби.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжуваат постапките за вработување во јавниот сектор согласно одлуката за укинување на „балансерот“

Следно

Кривична пријава против охридскиот правобранител за лажно претставување како адвокат

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop