Јаневска и Јакимовски ќе имаат состанок за проблемот со пари за греење во училиштата во Карпош

October 21, 2024
1 min read

Не е надминат проблемот со греењето во училиштата во Општина Карпош, кои на барање на градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе биде одложено односно ќе почне од 1 ноември. Од Владата тој побара да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта.

-За жал, не се надмина се уште проблемот. Очекувам овие денови да имам состанок со градоначалникот на Карпош. Жал ми е што треба да соопштам дека се искористени блок-дотациите за оваа година. Оваа година Општина Карпош со ребалансот добила 18 милиони денари повеќе, за што верувам дека не се сосема доволно и искрено се надевам и повторно велам дека ќе изнајдеме некакво решение со градоначалникот, се разбира со негови поголеми услуги отколку од Министерството бидејќи, сепак, станува збор за закон, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на завршен настан од проектот ISEC-ADE.

Посочи дека за буџетот следната година планираат повеќе средства, не само за Карпош, туку и за други општини кои се во слична ситуација, а ако има можности, рече, ќе им удоволат и на сите општини.

Јакимовски на 14 октомври ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.

Тој во четвртокот ја повика Јаневска да разговараат за проблемот и, како што соопшти Општина Карпош, „замоли за наредниот буџет да се расчистат овие работи“.

-Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна, имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности, смета Јакимовски.

На почетокот на грејната сезона, од АД ЕСМ информираа дека на барање на Општина Карпош, во основните училишта греењето наместо на 15 октомври, ќе започне на 1 ноември.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сообраќајот на превојот Стража целосно затворен поради сообраќајка

Следно

Студија: Холандија прва во Европа според етничка, а Франција според верска дискриминација

Latest from Blog

Доделувањето на „Еми“ беше преместено поради Бијонсе, таа воопшто не се појави

И покрај шпекулациите дека 44-годишната пејачка и нејзиниот сопруг Џеј-Зи ќе присуствуваат на церемонијата што се одржа во театарот Peacock во Лос Анџелес, славната двојка на крајот го пропушти настанот. И таа

Човек три и пол години со себе носел алигатор во маркет, му забраниле кога се појавил на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Алигаторот Џинсејоши и неговиот сопственик, Весли Силва (60), беа фотографирани како пазаруваат во Волмарт во Пенсилванија (САД) претходно овој месец, а откако фотографиите беа објавени на интернет, на сопственикот и неговото необично

Мечка е снимена како се шета по улиците на град во Бугарија, граѓаните преплашени (ВИДЕО)

Животното е забележано синоќа и снимено од жителите. Сведоци велат дека мечката шетала по улицата Стара Планина, а претходно била видена на градската обиколница, објавија бугарските медиуми. Со помош на полицијата, мечката

Меџити: Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево. Министерот Изет Меџити заедно со директорот на

Рома без Дибала во дербито на Рим

Поради повреда здобиена на мечот против Верона вчера, во рамките од изминатото коло во Серија А, Пауло Дибала нема да биде во составот на Рома на следниот меч. А тоа е градското
Go toTop