Филипче: Имаме предлог за зголемување на минималната плата на 27.700 денари, ја повикуваме Владата да го поддржи

October 21, 2024
3 mins read

„Денес, во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата“ истакна пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче на прес конференција во Собранието.

Според Филипче, сега клучен момент за економската стабилност и благосостојбата на работниците во нашата држава.

„Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ изминатиов период со погрешни економски политики донесе огромна социјална несигурност. Владата, наместо да се бори Северна Македонија да остане на патот на економскиот раст и да ги продолжи добрите политики за растот на платите, таа води погрешни економски политики кои во минатото се покажаа како неуспешни. Тоа го констатираше и Светска Банка во последниот полугодишен извештај – односно дека 2024 година ќе ја завршиме со економски раст од само 1,8 проценти, значително под очекуваните 2,5 проценти. Проекцијата за следните две години е дека ќе имаме најниска стапка на раст во регионот“, рече Филипче.

Тој потсети на намалената просечна плата за 1.000 денари и на неуспехот на мерките за намалување на цените додека трошоците за живот постојано растат. Владата, рече Филипче, не презема конкретни мерки за покачување на платите, и со тоа ги става работниците и нивните семејства во многу тешка економска и социјална положба.

Пратеникот и претседател на СДСМ Филипче како сериозен проблем за македонската економија го наведе застојот на повратот на ДДВ.

„Долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, такво нешто не се случило во последните седум години. ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ  карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот“, посочи Филипче.

Тој потсети не неисполнетите ветувања за зголемување на минималната плата и укажа дека потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена.

„Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Во 2016 година, просечната месечна нето-плата изнесуваше 22.460 денари, додека во мај 2024 година достигна 41.252 денари. Ова е резултат на посветените политики кои имаа за цел да го подобрат животот на секој граѓанин, особено на работниците“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека минималната плата во програмата на неговата партија беше приоритет и од од 8.000 денари ги достигна сегашните 22.567 денари. Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, рече Филипче, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја. Работниците во Македонија заслужуваат плати кои се во согласност со европските стандарди, а ние како одговорна партија тоа и го исполнивме.

„Денес, во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата“, соопшти Филипче.

Тој дополни дека методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, за да се обезбеди сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина.

Филипче рече дека СДСМ и како опозиција нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството.

„Затоа, ја повикувам Владата и сите пратеници дека ова не е време за застапување на партиски интереси туку за заштита на интересите на граѓаните. Мандатот на пратениците им го дале граѓаните и тие одговараат само пред нив, не пред партискиот лидер. Затоа, сите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата треба да дадат поддршка на оваа иницијатива, да се издигнат над политичките разлики и да гласаат за подобар животен стандард на работниците. Ова решение е во интерес на сите граѓани, и сите ние носиме одговорност да се погрижиме за економскиот просперитет на нашата држава“, нагласи пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче на прес конференцијата на која ја соопшти иницијативата на најголемата опозициска партија за зголемување на минималната плата.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муцунски: Подготвена нацрт – верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста

Следно

„Рекорден број туристи и приходи од летната сезона: Над 25 милиони евра заработка за хотелите и угостителите“

Latest from Blog

Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

Едно лице загина, а уште четворица други се тешко повредени откако експлодираше бомба во хрватскиот град Книн. Несреќата се случила додека десетина млади биле на забава а според првичната истрага на хрватската

Трибина за растечкото насилство врз млади жени и девојки

Во пресрет на утрешниот, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко

Русија: Украинската употреба на јужнокорејско оружје ќе ги уништи билатералните односи со Сеул

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје од страна на Украина на бојното поле ќе ги уништи билатералните односи меѓу Москва и Сеул, пренесува Анадолу. „Сеул мора
Go toTop