Еве што треба да знаете за птичјиот грип

October 19, 2024
2 mins read

Птичјиот грип или Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ и може предизвикува висока стапка на смртност кај птиците. Од вирусите на Авијарна Инфлуенца во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици. Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето ,се препорачува сите кои работат или се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна Инфлуенца, да носат лична заштитна облека која вклучува и маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.

-Симптоми на болеста се треска, отежнато дишење, дијареја, гадење и општа непријатност. Ретки се случаите на пренос на болеста од живина на човек, но секако се можни. Затоа мора да се следат препораките за заштита, особено кај оние лица кои се во непосреден контакт со заразаеното животно – велат лекарите.

Трансмисија на болеста на човек настанува кога од респираторниот секрет или изметот на заразените птици, како и од контаминираните површини се формираат аеросолни честички на вирусот со димензии од околу 10 микрони. Тие движејќи се низ воздушната средина доаѓаат во контакт со лигавицата на носот и очите на експонираните лица или се вдишуваат и на
тој начин навлегуваат во белите дробови. Птичјиот грип лесно се пренесува меѓу птиците и поради тоа при сомнение или конфирмирање на случаи на грип меѓу живината се препорачува нејзино уништување, наспроти економские последици од тоа. Оттука, работниците ангажирани во првата линија на нивното уништување и крајна диспозиција се под зголемен ризик за инфекција.

Сите работници кај кои постои потенцијална опасност за контакт со заболени птици и луѓе или контаминиран материјал со вирусот на птичји грип задолжително треба да носат: заштитни ракавици соодветни за видот на дејноста што ја обавуваат, облека, очила, капи, и заштитни маски или респиратори во зависност од ризикот.

„Со вакцина против сезонски грип треба да бидат вакцинирани сите работници кои професионално доаѓаат во контакт со птичји грип и тоа работниците за кои со сигурност е утврдено дека биле во близок и пролонгиран контакт со инфицирани/заболени птици или контаминирани
површини. Исто така секојдневно треба да примаат антивирусни лекови против грип се додека трае контактот“ се вели во препораките на Институтот за јавно здравје..

Изборот на антивиралните лекови треба да биде базиран на резултатите од тестот на чувствителнос и според епидемиолошки дефинираните критериуми.

„Треба да се информираат сите експонираните лица да бидат претпазливи во однос на појавата на треска, температура, респираторни симптоми и појава на конјуктивитис или друга инфекција на очите во периодот од една недела по последната експозиција, контакт со инфицирана и
заразена птица или контаминирана површина. Кај лицето кај кое се појавил барем еден од овие симптоми, задолжително треба да побара стручна медицинска помош и по можност уште пред доаѓањето да ја информира здравствената организација дека бил изложен на вирусот на птичји грип. Посебен ризик постои за сите лица кои професионално или волонтерски учествуваат во: еутаназија на птиците и отстранување на мршите“, стои во препораките на Институтот за јавно здравје.

Првиот случај на болеста птичји грип во Македонија беше откриен во 2017 година во селото Мороишта на пет километри од Струга. Поради заштита од понатамошно ширење на болеста, во селото беа убиени повеќе од 3.000 кокошки и друга живина.

Aлармот за птијчи грип се крена утрово кога инспектори од Агенцијата за храна и Ветерина ја затворија Зоолошката Градина откако било пријавено дека угинале неколку гуски. Засега нема официјална потврда дали се работи за птилји грип, но доколу тоа се потврди Зоолошка градина ќе биде затворена 21 ден по откривањето на птичји грип.

Ако болеста се потврди на одгледувалиштето, мерка која задолжително се применува на тоа одгледувалиште е „убивање“ на живината-птиците со цел искоренување на болеста.
Во спроведувањето на мерката „убивање“ се вклучува и уништување на сите заразени и изложени животни, соодветни отстранување на мрши и сите животински производи, надзор и следење на потенцијално заразена или живина изложена на болеста, забрана за движење и контрола на движењето на живината како и ризичните возила; темелно чистење и дезинфекција на заразените простории.

Преземено од Трн.мк

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еве колку дена ќе биде затворена скопската ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Следно

Не се спроведе проектот за река Сушица – Дехари: Има застој поради работите на канализацијата во Зајас

Latest from Blog

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ на Конгресот да понуди нов квалитет на политичката сцена, оцени денеска премиерот

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска е во Лондон, во рамки на серијата средби со албанската дијаспора. Тој како и на претходните средби ја побара поддршката за парламентарните избори следната пролет, за четврт

Разговор Ердоган-Путин: Туркије ќе продолжи да придонесува за мировните процеси

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во кој истакна дека Туркије ќе продолжи да придонесува во мировните процеси, соопшти Дирекцијата за

Дел Пјеро ќе се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација

Фудбалската федерација на Италија наскоро може да добие нов претседател, а делегатите веројатно ќе бираат меѓу неколку имиња кои засега не се потврдени. Сепак, медиумите на „чизмата“ излегоа со интересна информација дека
Go toTop