Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава

October 19, 2024
1 min read

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24,  дискутираше за актуелните прашања во врска со европските интеграции на Република Македонија, промените во Уставот, како и новите законски решенија за правична застапеност.

-Нема сила која може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила која може да го натера македонскиот народ дека има заедничка историја со Република Бугарија. Нема Македонец кој може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за еднаквост и рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на отстапки и жртви. Потенцираше дека се неопходни гаранции од ЕУ, дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање, истакна тој.

Во врска со „Балансерот“, министерот изјави дека тој бил предмет на злоупотреба.

-Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат. Тоа го направи Уставниот суд. Гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право, додаде Минчев.

На прашањето за можните граѓански немири, тој додаде: Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „Балансер“? Не.

“Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“. Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека “Балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат.” – изјави на крајот министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минчев: Укинувањето на балансерот не е ризик за дестабилизација во државата

Следно

Инфантино: Благосостојбата на фудбалерите останува приоритет за ФИФА

Latest from Blog

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop