ЕУ воведува правила за кибер безбедност на критичните субјекти и мрежи

October 19, 2024
1 min read

Европската комисија усвои правила за имплементација за кибер безбедноста на критичните субјекти и мрежи, согласно Директивата за мерки на кибер безбедност на ниво на Унијата. 

Оваа прва досега Регулатива од ваков вид, ги детализира мерките за справување со ризиците од кибер напади и условите кога еден инцидент ќе се смета за значаен.  

Дополнително, со овие правила компаниите што обезбедуваат дигитални инфраструктури и услуги, меѓу кои и провајдерите на компјутерски услуги во „облак“ и на центрите за податоци, сајтовите за електронска трговија, онлајн пребарувачите и платформите за социјално вмрежување,  се обврзуваат да ги пријават евентуалните кибер напади до националните власти. – Ова е уште еден голем чекор во зајакнувањето на кибер отпорноста на критичната дигитална инфраструктура во Европа, посочува ЕУ. 

Усвојување на регулативата се совпаѓа со периодот кога истече крајниот рок до кога земјите членки на ЕУ беа обврзани да ја имплементираат Директивата за мерки на кибер безбедност во своите национални законодавства. Рокот за имплементација на Директивата истече вчера.  

Според извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера, Маргрете Вестагер, во современиот пејзаж на кибер безбедноста, усвоената Регулатива има огромно значење во зајакнувањето на капацитетите и на безбедносните барања и брзото споделување информации. 

– Кибер безбедноста е еден од главните столбови за заштита на нашите граѓани и нашата инфраструктура. Ги повикувам земјите членки да ги спроведат овие правила на национално ниво што е можно побрзо, за да се осигуриме дека услугите кои се клучни за нашите општества и економии се безбедни од кибер напади, истакна Вестагер. 

Инаку, Директивата за мерки на кибер безбедност на ниво на ЕУ, што стапи во сила во 2016 година, има за цел да ја прилагоди Европа на дигиталната ера и да обезбеди високо ниво на кибер безбедност во Унијата. Таа се однесува на сектори кои се сметаат за критични за економијата и општеството, како јавните електронски, ИКТ и дигитални услуги, управувањето со отпадни води и отпад, здравството, енергијата, транспортот, производството на критични производи, поштенските и курирски услуги и јавната администрација.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките

Следно

Најниска тепература утрово во Берово, дневните ќе достигнат до 20 степен

Latest from Blog

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се
Go toTop