Надал: Подготвен сум за крај на кариерата

October 18, 2024
1 min read

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но оти ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа.

Освојувачот на 22 грен слем титули минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот што се игра од 19 до 24 ноември во Малага.

„Емотивно сигурно ќе бидам подготвен. Физички и во однос на нивото на игра, ми преостанува уште еден месец за подготовка. Ќе се обидам да бидам во добра форма за да му помогнам на тимот да победи. Ако не сум подготвен за сингл, јас ќе бидам првиот што ќе го каже тоа. Бидете 100 проценти сигурни дека нема да бидам на теренот ако мислам дека не можам да победам на тој меч“, рече Надал, пренесе Би-Би-Си.

Надал вчера загуби од сонародникот Карлос Алкараз со 3:6, 3:6 на ревијалниот турнир во Ријад, а за третото место в сабота ќе игра против големиот ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше поразен од Јаник Синер со 2:6, 7:6, 4:6.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен на балканска турнеја, во четврток во Скопје

Следно

Суспендирани двајца лекари специјалисти на Детска клиника

Latest from Blog

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и
Go toTop