Oтстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

October 18, 2024
1 min read

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. За ова попладнево информираа од Детската клиника.

– Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство на Република Македонија, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

-Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка – инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

-Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.

Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти за двајцата директори ќе се преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.

-Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените … нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам – грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори тој на новинарско прашање. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

Следно

Македонската книжевност и оваа година на Саемот на книгата во Франкфурт

Latest from Blog

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан
Go toTop