„М“ на Вардан Тозија апсолутен победник на „Гримфест“ во Манчестер 

October 18, 2024
1 min read

Филмот „М“ на Вардан Тозија освои уште една голема награда, откако е прогласен за апсолутен победник на Интернационалниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер.

Македонскиот филм, во продукција на Фокус Покус, ја имаше својата британска премиера на шестаесеттото издание на “Гримфест“, кој се вбројува во најзначајните жанровски компетитивни фестивали во Велика Британија. Одржан од 3-ти до 6-ти октомври во Odeon Great Northern, главната селекција на годинешниот фестивал вклучуваше 21 долгометражен филм од сите делови на светот, во најголем дел светски или британски премиерни прикажувања.

Со извонредна постава на хорор, научно-фантастични и фантастични филмови, фестивалот кулминираше со долгоочекуваното објавување на победниците на наградата Grimm Reaper, наградувајќи ги најдобрите во различни категории.

Големиот добитник на наградата за најдобар филм беше „М“ на Вардан Тозија, филм што го воодушеви жирито со својот емотивен интензитет и длабоко тематско истражување. Жирито подвлече дека „М“ беше истакнат во речиси секоја категорија во која се натпреваруваше, што го прави јасен избор за годинешното главна награда. 

-Наградата за најдобар филм ја доби „М“ на Вардан Тозија. Дистописката приказна која доаѓа од Северна Македонија и следи мало момче кое патува само како последица на пандемијата што го опустоши човештвото, пренесе престижниот Screen Daily непосредно по доделувањето на наградите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарската „4иГ“ основа фирма во Скопје

Следно

Димитров во „Дејли Клик“: Имавме бурни дебати со Заев и Бујар за нашите црвени линии

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа
Go toTop