СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

October 18, 2024
1 min read

СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје. Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот, велат од опозициската партија СДСМ.

„Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.

Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.

Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата кон 

Бугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?

Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.

СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сесил Меклорин одушеви на отворањето на Скопски џез фестивал

Следно

Палестинците се борат со сиромаштијата, а Израел продолжува со бомбардирањето на Газа

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop