Трета конференција „Наука за деца“

October 18, 2024
1 min read

Во организација на Фондацијата КАНТАРОТ денеска и утре во Меѓународното училиште НОВА ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти.

Оваа година мотото е „Надгради ја твојата реалност“, а конференцијата првпат ќе биде поделена во два дена. Ќе почне со свечено отворање во вечер, во 19 часот. Потоа ќе следуваат пет кратки предавања од децата финалисти на минатогодишниот конкурс за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“. Секое од овие предавања е под менторство на врвен македонски научник што работи во странство, со што ќе се истакне и разновидноста на научниот талент од Македонија.

Вечерта ќе продолжи со предавање на проф. Бас Рокерс (NYU Abu Dhabi) за виртуелната реалност и нејзиниот потенцијал да го трансформира начинот на кој децата учат и истражуваат, а ќе се доделат и годинашните награди за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за најдобар млад презентер „Колега Стиков“.

Утре ќе се одржи изложбата „Parlez-vous fran-sci?“ во соработка со Францускиот институт во Скопје, а ќе бидат организирани и три научни работилници за ученици на возраст од 10 до 15 години. За време на работилниците децата ќе истражат еден научен концепт во виртуелна реалност, пред да имаат практична демонстрација на тема електромотори, капиларна активност или француска наука. Работилниците ќе траат од 10:30 до 14:30 часот.

Конференцијата и оваа година е финансирана од С(ц)иеста заедницата која ја сочинуваат над 300 научници родени во Македонија, посочуваат организаторите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Онуралп Битим од НБА лигата ќе се врати во Европа

Следно

Марка: Лионел Меси е најуспешниот фудбалер на сите времиња (ВИДЕО)

Latest from Blog

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за
Go toTop