Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

October 17, 2024
1 min read

„Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал“, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.

Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.

„Четиригодишен договор кој што за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега“, посочи Мицкоски.

„Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум“, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го прими претседателот на унгарскиот Парламент

Следно

Како што личи за еден „таен агент“, Бојан Христовски кога сака е партиски активист, кога сака е јавна личност

Latest from Blog

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop