Две недели нема вода за пиење во Сараќино и Фалише, се копа бушотина за нов извор на вода

February 14, 2023
1 min read

Во тетовско Фалише почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата со цел да се најде извор со вода како решение на тоа што 14 дена во ова и во село Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Јавното комунално претријатие „Тетово“ две недели не успева да го најде проблемот и дефектот кај постоечкиот 12 километри долгиот водоснабдителен систем од реонот на Калник и Палчиште, па е одлучено да се најде вода со т.н. бушотина.

-Во Фалише порано имало бушотина направено, на истата локација сега се прави соодветна бушотина, која ќе биде можност да се снабдат жителите на Фалише и Сараќино со вода за пиење во истиот цевковод. Со тој бунар ќе ги опслужуваме само Фалише и Сараќино. До 50 метри се копа за да се најде вода. Се копа за цевки со ист профил колку што има во вододовната мрежа. Еднаш ќе се направи бушење, ќе се стават пумпи и со фреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, пресметано ќе ги опслужуваат двете села, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

Во комуналното претријатие нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот во водоснабдувањето.

-Се зависи од тоа каква е земјата, подземјето, малу е тешко, се наоѓа локацијатана некогашна притока на река се наидува на карпа, се додека не се избуши нема продолжување. Може да биде единствената. Никој не знае. Важно е што е најдено решение за проблемот, граѓаните да бидат трпеливи, после ова нема да има проблем, ќе има нормално водоснадување, вели Шаќири.

Според него, нема да се остави ниту стариот водовод. Објаснува дека при секое пуштање на вода низ цевководот наместо 15-20 литри во секунда излегуваат од два до пет литри вода во секунда што укажува дека некаде и понатаму има затнување во цевките.

-Тоа е мала количина и затоа не се чувствува во селото. Мала количина која не дава никаква сигнали. Втората недела вака тече, но проблем имаме што работиме на туѓи имоти и тоа е тешко. Некаде треба да се копа, подземна инфраструктура, се прави штета, од една страна, од друга страна нема точна евиденција за трасата, измената е трасата при градба на автопатот, вели Шаќири.

ЈКП Тетово побарале од Центарот за управување со кризи и добиле цистерна со која велат дека засега се снабдуваат жителите со техничка вода.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: Земјотресите како атомски бомби, бројот на загинати во Турција се искачи на 35.418

Следно

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце. Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница. Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop