Паралелни светови: Албанска академија на науките реалност или провокација?!

October 17, 2024
2 mins read

Општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир донеле одлука тие да ја финансираат иницијативата за основање на албанската академија на науките и уметностите. Оваа одлука е чекор кон реализирање на проектот што е наменет за промоција и развој на албанската наука и култура во земјата.

На оваа одлука следеа бурни реакции на јавноста и на поголемите политички партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој беа децидни дека паралелна академија не може и не смее да постои.

„Постои една Академија на науките и уметностите и тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, Владата и на академиците од различни етнички заедници“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако во вторникот во Тетово беше објавено дека четири општини, со кои раководат кадри од „Вреди“ ќе го финансираат работењето на Здружението на граѓани – Албанска академија на науките и уметностите.

И од опозициската СДСМ излегоа со став околу оваа најава:

„СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните. Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии“, рече Трајчулески, тој најави дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година.

Став побаравме и од поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски, кој беше дециден дека ова е врвот на безумието.

„Како тргна државата, нивниот начин на размислување е дека се може да се дели по етнички предзнак да биде се. Ова е можеби врвот на она што се вика безумие во политиката, а посебно што доаѓа од албанскиот етнички фактор во државава. Со оглед дека можеби да, порано велеа дека судовите може да се концепираат врз основ на бадентер, затоа што правото не дозволува такви концепти на носење одлуки. Така што нема да ме изненади и ова да биде некоја институција која можеби Албанците имаат некоја нова наука која е различна од науката која е генерално прифатена во светот, во нивните сфаќања етничкиот концепт на држава науката и знаењето остана последната алка која што би требало да се подели. Нивното знаење и нашето знаење, она генерално знаење. Нема ниту логика, не може да барате во една унитарна држава да барате да имате Академија која што е со Албански предзнак, затоа што науката и постигнувањето во науката се менливи работи, не е тоа нешто што Алнаците можат да го извадат од контектст и да кажат дека нивната наука е оваа, а нашата оваа. Мислам целиот концепт е без никаква основа“, вели Јанкуловски.

На прашањето дали ова е еден вид провокација тој вели дека нема друго објаснување.

„Па како поинаку ова да се објасни? Како би можело поинаку да се објасни делењето на науката? Што остана уште, воздухот да го поделиме по етничка основа? Ова се коси со здравата логика! Се коси со научните закони би требало и албанските научници да ги знаат. Ова е политичка провокација и обид да се оствари определена поширока цел, на тоа што значи поврзување на Албанците во регионот, а тоа поврзување оди по многу софистицирана линија, да не биде толку изразена и видлива, меѓутоа ова е токму тоа што тие го посакуваат, затоа што оваа албанска академија на науките имате во државата, а тоа е во Албанија, мислам нема логика нешто да функционира во Македонија, сепак државата е Македонија, кога ќе биде некоја друга држава, нека повелат нека си направат“, истакна Јанкуловски.

Аналитичарот Агим Јонуз во вчерашното гостување во Телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ ваквото барање на ВРЕДИ го смета за нереално и дека Македонија како држава треба да биде една, единствена, со своја Академија на науки и уметности.

Правењето на паралелни институции како оваа за албанска академија на науки е знак за правење на паралелно општество кое во иднина тешко ќе се обедини.

Но ваквата иницијатави не беше прифатена и од ДУИ, која пак не се согласува со ваквиот принцип на функционирање.

„Албанската академија пропагирана како национално ниво стана една невладина организација и ние не сме дел од такви проекти. Во оние општини каде функционираат партиите на Вреди сме опозиција, не сме дел од владејачкото мнозинство“, изјави Фатон Ахмети од ДУИ.

Оттука се поставува прашањето дали и колку оваа идеја на коалицијата ВРЕДИ ќе биде остварлива или ќе биде само еден пробен балон?!

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дурмиши: Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Следно

Министрите за одбрана на НАТО се состанаа во Брисел за да разговараат за поддршката за Украина и глобалните партнерства

Latest from Blog

Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“  и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското

Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила надвор од градските средини е забележливо зголемен. Според АМСМ, на граничниот премин „Богородица“ се чека од 20

Дел од Сопиште без вода

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, од 09:20 часот без вода се корисниците на ул.14 во Сопиште, инфорнмира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на
Go toTop