„Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа

October 17, 2024
1 min read

Столе Димитриевски со одличните настапи со години наназад во дресот на Рајо Валјекано ги потврди своите врвни голмански квалитети во шпанската Ла Лига. Токму затоа, шпанската јавност е шокирана од она што му се случува на нашиот репрезентативец по трансферот во Валенсија, каде Димитриевски не добива шанса да ги покаже квалитетите.

За потсетување, Столе потпиша за „лилјаците“ со идеја да биде прв голман во овој клуб, бранеше на стартот од подготовките, но планот целосно се промни кога Валенсија во последен момент реши да го врати Мамардашвили на едногодишна позајмица, повторно давајќи му ја на Грузиецот улогата на стартен чувар на мрежата.

Мадридскиот весник „Марка“ посвети една страница на невообичаените случувања на „Месталја“, на текст со наслов „Парадоксот на Димитриевски во Валенсија“.

„Димитриевски беше прво засилување за Валенсија во текот на летото, постојано бранеше во текот на подготовките и се одеше во најдобар ред за него се до моментот кога беше одлучено Мамардашвили да дојде на едногодишна позајмица од Ливерпул. Оттогаш Столе има нула минути и уште чека на своето деби. Најголемото летно засилување седи на клупата и најверојатно ќе му биде дадена шанса во меч од Купот против екипа од некоја од пониските лиги во Шпанија. Ситуацијата за него не е лесна бидејќи пред да потпише беше слободен играч и имаше понуди и од други клубови од Шпанија и Европа, но Столе ја избра Валенсија затоа што очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“, се вели во текстот на „Марка“ за македонскиот голман.

Димитриевски засега е со став да остане и да се бори, но не се исклучува можноста тој во јануари да замине на шестмесечна позајмица, а потоа летото 2025 да се врати на „Месталја“ и по заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул и дефинитивно да му се исполни големата желба – да стане прв голман на Валенсија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Седум цивили загинаа во израелските напади врз Јужен Либан

Следно

Есенски рај – Националниот парк Једиѓолер обоен во зелено-кафеави тонови

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија
Go toTop