Седум цивили загинаа во израелските напади врз Јужен Либан

October 17, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку седум цивили се убиени во израелските воздушни напади врз два града во Јужен Либан, јавува Анадолу.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале во израелскиот воздушен напад врз градот Тајрдаба во јужниот дел на земјата.

Официјалната либанска агенција ННА објави дека четири лица се убиени, а една куќа е целосно уништена во израелскиот воздушен напад врз куќа во градот Хабуш на југот на земјата.

Тие објавија дека Израел извршил повеќе од 15 воздушни напади врз градови на истокот и југот на Либан во последните три часа.

Во вчерашниот извештај на владиниот Комитет за вонредни ситуации се наведува дека Израел извршил 138 воздушни напади врз различни делови на Либан, главно на југ, во последните 24 часа.

Во извештајот се наведува дека бројот на воздушни напади извршени по нападот се искачи на 10.150.

Во вчерашното соопштение на либанското Министерство за здравство се наведува дека од 8 октомври минатата година во израелските напади загинале 2.367 лица, од кои 104 деца и 194 жени, а биле повредени 11.088 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства

Следно

„Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop