Попис во Црна Гора: 42 отсто Црногорци, 33 отсто Срби

October 16, 2024
1 min read

Според резултатите на пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци – 41,12 отсто (256.436), па следат Србите со 32,83 отсто (205.370), додека како Бошњаци се изјасниле 9,45 отсто од граѓаните (58.956). Како Албанци се изјасниле 4,97 отсто од граѓаните (30.978), како Руси 2,06 отсто (12.824, а како муслимани 1,63 отсто (10.162).

Според полот, во Црна Гора живеат 49,2 отсто мажи и 50,8 отсто жени, покажуваат резултатите на пописот. Просечната старост е 39,7 години.

Државјанство на Црна Гора имаат над 93 отсто од граѓаните. Вкупно се попишани 667.650 лица.

Не сакале да се изјаснат 2,88 отсто од граѓаните или 17.907. Ова го соопшти Управата за статистика Монстат на конференција за медиумите, пишува Вијести.

Пописот е реализиран од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше повеќе пати одложуван поради барања на опозицијата и малцинствата да се исполнат одредени услови за негово спроведување.

Според прелиминарните резултати на пописот, во Црна Гора живеат 623.158 жители, што е два отсто повеќе од 2011 година.

Според резултатите на пописот, најмногу жители на Црна Гора зборуваат на српски јазик, 43,18 отсто (269.307). Следува црногорскиот јазик кој го зборуваат 34,52 отсто (215.299), а на трето место е босанскиот, со 6,97 отсто, соопшти Монстат.

Најмногу жители на Црна Гора се изјасниле дека се православни христијани – 71,10 отсто (443.394). Потоа следат припадниците на исламската вероисповед со 19,99 отсто (124.668), додека католиците се 3,27 отсто од населението (20.408). Како атеисти се изјасниле 2,29 отсто од попишаните (14.260), а не сакале да се изјаснат 2,10 отсто (13.093), објави Монстат.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија во текот на ноќта лансирала 136 дронови на Киев и другите украински региони

Следно

Висока воена делегација од Турција во посета на македонската армија

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop