Молина: Мбапе има проблеми со алкохолот

October 16, 2024
1 min read

Францускиот новинар Ромен Молина познат по својата истражувачка работа, тврди дека напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе има проблеми со алкохолот.

Според Молина, 25-годишниот фудбалер често излегува од својот дом за да пие.

На 11 октомври Мбапе беше забележан во ноќен клуб во Стокхолм за време на натпревар со француската репрезентација. На 14 октомври се дозна дека полицијата во шведската престолнина отворила истрага за поплака за силување што наводно се случило во хотелот каде Мбапе престојувал во тој период.

Самиот фудбалер негираше каква било вмешаност во инцидентот. Подоцна, прес-службата на Реал Мадрид го отстрани напаѓачот од фотографијата на рекламната кампања за колекцијата „Artist Pack“.

Мбапе игра за Реал Мадрид од јули годинава. Во тековната сезона сезоната Французинот постигна седум гола и направи една асистенција на 11 натпревари.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Судскиот совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на суди

Следно

Одбележување на Светскиот ден на храната

Latest from Blog

ВИДЕО: Чоколадна торта со бисквити

Чоколадната торта е идеален избор доколку имате гости за викенд. СОСТОЈКИ: 1 јајце 80 гр шеќер 30 гр пченкарен скроб 500 мл млеко 100 гр чоколадо 30 гр путер пакување бисквити (25

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари, потребно е ЈО веднаш да постапи

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце. Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница. Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по
Go toTop