Продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

October 16, 2024
1 min read

Денеска во Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

На претходното рочиште сведочеше мајката на Вања, која кажа дека заедно со таткото Александар ја барале ќерката во една напуштена куќа на Партизанска. Исто така рече дека Александар веднаш се посомневал дека е киднапирана.

-Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави адвокатот Марјан Витановски.

Мајката кажа дека не познава ниту еден од обвинетите. Ќерката на Панче Жежоски на минатото рочиште кажа дека имало недоразбирање помеѓу нејзиниот татко и Велибор Манев за поплочување на двор.

Петте обвинети – Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Борче Видевски, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања – изјавија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителството наведува дека мотивот за убиствата бил користољубие, но обвинетите го негираат ова тврдење, истакнувајќи дека дупките за жртвите биле ископани пред убиствата и дека не биле побарани никакви пари од мајката на Вања.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Томас Тухел е новиот селектор на фудбалската селекција на Англија

Следно

Судскиот совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на суди

Latest from Blog

Ново истражување: Еве како недостатокот на сон го старее мозокот

Само една ноќ без спиење може да направи мозокот да се чувствува постар со години, покажува заедничкото истражување на дански, швајцарски и германски истражувачи од центарот „Форшунгцентрум Јулих“. Значајни промени во структурата

Фото: Убавата Северина ужива на Сицилија

Популарната Севе вистински ужива во сончевите зраци и топлото време. Релаксираната пејачка вистински зрачи со својата убавина.  Северина уште еднаш докажа дека нејзината убавина е особено очигледна кога е на одмор. Хрватската

Врски и љубов: Како „се самосаботираме“ себеси?

Тука спаѓаат: страв, проблеми со довербата, високи очекувања, ниска самодоверба и несоодветни вештини за врската. За да избегне тој/таа да биде повредениот во врската, личноста користи различни потези, вклучувајќи повлекување, одбранбеност и
Go toTop