Косово еднострано ќе дозволи влез со лични карти на граѓани од БиХ

October 14, 2024
1 min read

Косово од 1 јануари 2025 ќе им дозволи на граѓаните на Босна и Херцеговина влез со лична карта, објави косовскиот премиер Албин Курти во говорот на самитот на Берлинскиот процес. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пак денеска изјави дека Босна и Херцеговина нема да го признае влезот на Албанците со лични карти бидејќи не го признала ниту самопрогласеното Косово.

Во текот на една деценија, постигнат е значителен напредок во Берлинскиот процес, но потребна е поголема акција. Парадоксот настана во јануари оваа година кога граѓаните на Косово добија безвизен режим за патување во ЕУ, но и понатаму немаа слобода на движење во Босна и Херцеговина“, кажа Курти на собирот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија.

Иако носанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, како што кажа, „одбива да го ратификува договорот за мобилност за слободно движење со лична карта, кој мојата земја прва во регионот го ратификуваше, одлучив да го прекинам чекањето“.

„Од 1 јануари следната година, Косово еднострано ќе дозволи слободно движење за носителите на лична карта на БиХ“, кажа Курти.

Тој кажа и дека веќе една деценија Берлинскиот процес игра клучна улога во приближувањето на нашиот регион и напредувањето кон ЕУ и останува движечка сила на европските интеграции и нишка која ја поврзува западнобалканската шесторка.

Курти предупреди дека „мора да се пазиме од странското влијание, особено на Кина, која вложи големи средства во нашиот северен сосед, потпишувајќи Договор за слободна трговија и обврска за заедничка иднина со Кина“.

„ЕУ мора да обезбеди ЕУ фондовите да бидат поврзани со вредностите на ЕУ – Берлинскиот процес е тој кој го приближува нашиот регион кон ЕУ, а не „Пекиншкиот процес“ кој води кон БРИКС“, кажа Курти.

На лидерите на ЕУ и државите членки им кажа дека е „крајно време Косово да добие статус на официјален кандидат“ за членство во ЕУ.

Додик истакна дека повикувајќи се на тоа што Србија дозволила патување со лични карти преку Србија е во прилог на тоа што Косово и Метохија е составен дел на Србија, пренесува Срна.

Тој смета дека „препотенцијата што се воведува во Берлинскиот процес не може многу да помогне“.

-Мора да се разбере, кога ја поставија таа цел, мораа да знаат дека БиХ не го призна самопрогласеното Косово и дека, се разбира, нема да го признаат ниту влезот на Албанците со лична карта во БиХ . Секако, муслиманите би го направиле тоа, Република Српска не, рече Додик.

Според него, имајќи предвид дека Босна и Херцеговина не го признала Косово, не може да воведе безвизен режим.

Косовскиот премиер, Албин Курти, претходно денеска на самитот од Берлинскиот процес, во Берлин, најави дека од 1 јануари следната година Приштина еднострано ќе дозволи слободно движење на граѓаните на Босна и Херцеговина со лични карти.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Следно

Телото на поранешниот премиер на Шкотска Салмонд со специјален лет ќе биде пренесено во својот дом – објавено видео од последниот говор во Охрид

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop