ВМРО-ДПМНЕ: “Зелената” партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот

October 14, 2024
1 min read

Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните, велат во партиското сопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката “балансер”, изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.

Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.

ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.

ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.

Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон, стои во соопштението на владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Кинеските воени вежби „неоправдани и ризикуваат ескалација“

Следно

Македонија ја победи Ерменија со 2:0, останува убедливо на врвот на табелата во групата

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop