Радиото на израелската армија: Во напад со дрон на Хезболах повредени 67 Израелци во Хаифа

October 13, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Најмалку 67 Израелци се повредени, од кои четворица во критична состојба, при напад со дрон на Хезболах врз градот Хаифа, во северниот дел на Израел, соопшти денес Израелското армиско радио, пренесува Анадолу.

Дневниот весник „Израел Хајом“ објави дека голем број Израелци се ранети поради експлозијата на дрон во подрачјето на Бињамина во Хаифа.

Преку соопштение, либанската група Хезболах потврди дека лансирала рој офанзивни дронови врз кампот за обука на бригадата Голани во Бињамина, јужна Хаифа.

Радиото на израелската армија соопшти дека армијата отворила истрага поради неактивирањето на сирените кога дронот влегол во северен Израел.

Според весникот „Израел Хајом“, жителите на Хаифа и околните подрачја, меѓу кои и населбите Кирјат, слушнале експлозии без претходно активирање на сирените.

Ова се случува откако Израел на 23 септември започна масовни воздушни напади низ Либан против, како што тврди, позиции на Хезболах, во коишто досега се убиени најмалку 1.437 луѓе, повредени се над 4.123, додека раселени се повеќе од 1,34 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на неговата офанзива врз Појасот Газа, во која Израел уби речиси 42.200 Палестинци, повеќето жени и деца, по нападот на Хамас минатата година.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, тој го прошири конфликтот на 1 октомври со започнување копнен упад во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Следно

ЖРК Ѓорче Петров елиминиран од Европската Лига

Latest from Blog

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги

Екс-селекторот на Белгија на клупата на Фенербахче: Тедеско го наследи Мурињо

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче. 39-годишниот Италијанец попладнево и официјално беше потврден за наследник на Жозе Мурињо во турскиот клуб. Преговорите со поранешниот тренер на Спартак (М) и на белгиската
Go toTop