Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата

October 13, 2024
1 min read

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред.

На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час.

Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто.

Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалерите на Македонија со ново одлично издание и победа против Ерменија

Следно

Мицкоски во Германија оствари средба со македонската дијаспора- зачувување на македонскиот оган кој мора да донесе иднина и подобри времиња

Latest from Blog

Коњановски: Битола останува дом на најдобрите театарски изведби

На затворањето на 27-то издание на Фестивалот на монодрамата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја додели наградата од публиката за најдобра монодрама, која годинава ѝ припадна на претставата „Џеки“ на Драмски театар

Binance AI Pro – нова алатка што го менува начинот на тргување со криптовалути

Нова анализа од Binance покажува дека вештачката интелигенција сè повеќе им помага на луѓето полесно и побрзо да тргуваат со криптовалути. Наместо корисниците одделно да го истражуваат пазарот, да споредуваат податоци, да

Трафостаницата на новата улица во Битола е предвидена уште во проектот од 2010 година

Новата сообраќајница СРУ5 во Битола, која ја поврзува улицата „Партизанска“ со населбата „Златен рид“ во просторот на старата касарна, деновиве предизвика внимание во јавноста поради трафостаницата која се наоѓа во непосредна близина

НОВА ВОЕНА АЛИЈАНСА НА МОРЕ – Десет европски земји ќе формираат ЗАЕДНИЧКА МОРНАРИЦА

Обединетото Кралство и девет други европски земји се согласија да формираат заедничка морнарица „за да ги одвратат идните закани од Русија на северот од континентот“, изјави шефот на британската морнарица, Гвин Џенкинс.
Go toTop