Барање за повлекување мировници

October 13, 2024
1 min read

Владин состанок ќе одржи израелскиот премиер Бењамин Нетањаху во време кога лидерите на земјата проценуваат како да одговорат на иранскиот ракетен напад што се случи на 1 октомври. Се уште не се познати точниот датум и локација на средбата.

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, рече дека одговорот на Израел кон Иран ќе биде „смртоносен, прецизен и изненадувачки“. Од друга страна има низа реакции по последните напади на Израел врз позиции на Хезболах во Либан во кои беа повредени мировници на Обединетите нации.. Мировните сили на ОН во јужен Либан соопштија дека дел од ракетите го погодиле нивното седиште во центарот на Бејрут.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утрово реагираше на ситуацијата со повик до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да ги отстрани мировниците од „упориштата на Хезболах“. Тој тврди дека УНИФИЛ е злоупотребен и дека нејзините припадници се „заложници на Хезболах“. 

– Би сакал директно да апелирам до генералниот секретар на ОН веднаш да ги повлечете УНИФИЛ од упориштата на Хезболах и од борбените области. ИД постојано го бараше тоа и беше дочекан со постојано одбивање, се со цел да се обезбеди „живиот штит“ на терористите на Хезболах. Вашето одбивање да ги евакуирате војниците на УНИФИЛ ги прави заложници на Хезболах. Ова ги загрозува и нив и животите на нашите војници. Жалиме за повредата на војниците на УНИФИЛ и правиме се што е во наша моќ да го спречиме ова во иднина. – рече Нетанјаху.

И додека Нетањаху го повикува Гутереш за да ги повлече мировниците во исто време израелскиот министер за надворешни работи, Кац, повтори дека го смета генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ затоа што не го осудил ракетниот напад на Иран и го опиша како „антисемитско и антиизраелско однесување“. 

Целиот регион веќе е зафатен од конфликт. Израел ги засили воените операции во Појасот Газа, наредувајќи евакуација и блокирајќи ја испораката на храна во палестинската енклава. Тензиите се зголемуваат и на израелско-либанската граница, каде 40 земји ги осудија нападите врз мировниците на Обединетите нации и во заедничката изјава, објавена од полската мисија во ОН, предупредија дека мора веднаш да престанат.

– Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за мисијата и активностите на УНФИЛ, чија главна цел е да се постигне стабилен и траен мир на југот на Либан, како и на Блискиот Исток, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението.

Американските власти веруваат дека Израел ги одредил целите на својот потенцијален одговор на нападот на Иран на почетокот на овој месец и дека ќе ги таргетира иранските воени и енергетски објекти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Следно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до сабота

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop