Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

October 13, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. Писмото кое ќе биде испратено со сите инволвирани а ќе ги потврди недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение – дефинитивно ќе биде завршено откако македонската делегација ќе се врати од Берлин.

„Писмото е во подготовка. Патувам утре во Берлин, има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари и сакам пред да го испратам писмото и содржината, да имам уште малку повеќе јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме“, рече Мицкоски на вчерашната прес-конференција.

Додека владата е на ставот дека има простор за подобрување на македонските позиции во евроинтеграциите и за тоа бараат конструктивност, за опозицискиот лидер Венко Филипче тоа се манипулации за да ја закочат иднината на земјата.

„Ако очекуваат дека СДСМ наивно ќе даде поддршка на идеи кои значат понатамошни блокади, решенија во кои никој не верува освен тие самите во Белата палата, тогаш се излажале. Ние нема да бидеме параван за нивните пропаднати политики. Нека покажат лидерство, нека покажат храброст и најважно од се, нека покажат искреност“, рече Филипче.
Премиерот не се согласува со тоа дека нема реална можност Македонија да дојде до поддршка од Брисел за интеграциите без диктати.

„Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции. Ако не се смени преговарачката рамка тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни? Така јас не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред 4 месеци“ – рече Мицкоски вчера на прес конференција во Владата.

Мицкоски порача дека е подготвен во кое било време да ги продолжи разговорите со Бугарија за надминување на блокадите. Сепак тој нагласи дека во никој случај нема да прифати преговори преку диктат и условувања, туку процес кој ќе биде базиран исклучиво на аргуументи и почитување на Копенхашките критеиуми.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов закон за службените возила

Следно

Колку време е потребно за Законот за правична застапеност? И ВРЕДИ се согласува текстот да се испрати за мислење до Венедијанската комисија

Latest from Blog

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство
Go toTop