За ПСЖ против Баерн ќе игра 16. годишно момче

February 14, 2023
1 min read

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“, од 21 часот ќе го пречека Баерн.

Актуелниот француски шампион во пресметката со Баварците влегува со нарушена атмосфера во соблекувалната и лош здравствен билтен. Се уште нема информации дали ќе настапат Килијан Мбапе и Лионел Меси.

Француските медиуми најавуваат дека тренерот Кристоф Галтие уште од првата минута ќе му даде шанса на 16. годишниот Ворен Заир-Емери.

Ова момче е родено на 8. март 2006 година. Може да покрие неколку позиции во редот за врска.

Оваа сезона веќе има одиграно 14 натпревари за ПСЖ, а на кои постигнал два гола. Во неделата на теренот го мина целиот натпревар против Монако. Заир-Емери е и јуниорски репрезентативец на Франција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Учениците во Хрватска добиваат нов предмет

Следно

(ФОТО) Обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка

Latest from Blog

Битола го прославува 4 Ноември – Денот на ослободувањето со низа културни настани

Со свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, вечерва започнуваат активностите за одбележување на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Општина Битола и годинава подготви богата

Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

Министерството за здравство ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување

Интервју на Тони Тоневски за Булевар.мк: „Во недела избираме поинаков Пробиштип, избираме сигурна иднина“

Булевар: Во финалето на изборите за градоначалник во Пробиштип, влегуваат двајца добро познати кандидати на локалното население. Зошто Вие сте подобриот кандидат? За мене позицијата градоначалник на Општина Пробиштип е повеќе од
Go toTop