Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но подготвен сум да седнам и да разговарам

October 12, 2024
1 min read

Немам информации за средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали на 7 ноември на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта ќе се сретне со Радев.

Претходно, повикувајќи се на високо упатени политички кругови во Унгарија, Рацин.мк објави дека добиле информации дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница којшто на 7 ноември оваа година ќе се одржи во Будимпешта за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер Христијан Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев, или, пак, новиот премиер доколку до тогаш заврши процесот за избор на нова влада во Бугарија од изборите закажани за 27 октомври.  

-Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба, но доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември и на 17 октомври и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде било каде да седнеме да разговараме да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече Мицкоски.

Премиерот повтори дека не прифаќа диктати.

-Но, доколку дојде таква иницијатива од господинот Орбан на 7 ноември, подговен сум дури и порано, било кога, да седнам да разговарам, врз основа на аргументи, не на диктат. Диктати не прифаќам, рече Мицкоски по заедничката прес-конференција со претседателот на СОНК Јаким Неделков во Владата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Покачувањето на платите во образованието е важен чекор, СДС наместо да го игнорира треба да го поддржи

Следно

Тошковски најави мерки за подобрување на безбедноста: Засилен видео-надзор и полициско присуство

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop