МОН: Дигиталното високо образование е задоцнето, но ќе биде приоритет

October 9, 2024
1 min read

Дигитализирањето во македонското високо образование е задоцнето, но ќе биде. Ова е приоритет на ресорното министерство со цел подобри услови, модернизирање на класичните предавања и заминат во историја долгите редици чечање по студентски прашања особено во периодите кога се запишува семестар и година е резимето на министерката за образование и наука Весна Јаневска од конференцијата за дигитализација на високото образование што се одржа на ФИНКИ.

Од форумот за образовни промени кои воедно и се организатори на конференцијата порачаа сека ова не треба да претставува луксуз напротив во целиот свет дигитализирањето е толку развиено во сите сфери на живеењето.

Претседавачот на Националното студентско тело и претседател на Студентското собрание на УКИМ Александар Николовски потенцира дека од овој семестар дигитализирале два обрасци, за упис и за заверка на семестар. Тековно работеле со Државниот завод за статистика за уште три документи да бидат дигитализирани, од следниот семестар уште три, потврдата за редовен студент, уверението за упис и уште еден образец.

За потсетување од оваа академска година на студентите од УКИМ им се наметна дополнителна давачка покрај плаќањето на школарина, станува збор за набавка на ресури за реализација на студентските програми, на што остро реагираа од студентскиот отпор и организираа петиција против овие трошоци со барање од догодина да бидат укинати додека пак за лениот семеста од 2024/2025 партиципацијата да биде намалена за износот што биле принудени сега да го платат по основ на ново наметнатите давачки.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Милевски: Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Следно

Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop