ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

October 8, 2024
1 min read

ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци  ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС. 

-Станува збор за возила марка ,,Opel“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми:  1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка  на  пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Власта заборава каква била во опозиција

Следно

Прогноза на УХМР за времето во следните денови (ФОТО)

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop