Сиљановска Давкова: Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите

October 8, 2024
2 mins read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова се осврна на евроинтеграцијата, како приоритетен предизвик на земјите од регионот. Според неа, чекалната на Европската Унија наречена Западен Балкан се празни само на два начини: со интегрирање на земјите од овој гео-политички регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочи, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската Унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, неретко и со пасош на туѓа држава.

Ваквата демографска закана, според претседателката, е опасна не само за економијата, туку и за демократијата, бидејќи, како што посочи, сѐ помалку граѓани значи и сѐ помал притисок врз властите за европски реформи, за владеење на правото и борба против корупцијата, за демократски вредности и почитување на човековите права и слободи.

„Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката посочи дека е неопходно сите земји да се третирани еднакво и напредувањето кон ЕУ да биде резултат на достигнувањето на европските реформи и критериуми поврзани со европското законодавство.

„Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатераланите договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето“, рече претседателката.

Таа пред лидерите на процесот Брдо-Бриони посочи на потребата за регионална соработка и регионално поддржување едни со други, по примерот на скандинавските земји, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да можеме да се фокусираме на клучните проблеми на регионот.

„Веќе го спомнав иселувањето на младите. Кон тоа ќе ја додадам и потребата од инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување, што ќе помогне регионот да стане поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар. Планот на Европската Унија за раст за Западниот Балкан треба да биде инструмент од кој сите држави од регионот, независно од степенот на евроинтегративниот процес, да имаат еднаков бенефит. Но, на повидок е и уште посериозен проблем, а тоа се климатските промени“, рече претседателката.

Според македонската претседателката европската реинтеграција, односно реунификација е незавршена без нас, оти поделбата на запад и исток е вештачка и мора да се надмине. Како што посочи, целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, како и на балканизацијата како феномен.

Во изјава по завршувањето на состанокот, претседателката посочи дека собирот поминал во пријателска атмосфера и на него била потенцирана важноста за регионалната соработка и поддршка, истакнувајќи дека не можеме да очекуваме респект и разбирање од членките на ЕУ, доколку сами меѓу себе не се разбираме. Таа ја потенцираше клучната улога на иницијаторите за Процесот Брдо-Бриони, Словенија и Хрватска, и изрази надеж за продолжување на нивната гласност во процесот на нашата реунификација или реинтеграција во Европа.

На денешниот самит, шефовите на делегациите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони ја усвоија Декларацијата, во која го потврдија нивното непоколебливо уверување дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е најветувачкиот и најнезаменливиот пат кон Европа, потенцирајќи ја неопходноста од храбри чекори со цел обезбедување на долгорочна стабилност на континентот и создавајќи услови со цел младите луѓе да останат во регионот и да напредуваат во праведни, просперитетни и одржливи општества.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија

Следно

Работен состанок на директорот на БЈБ Јанев со раководството на СВР Скопје

Latest from Blog

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу

Баланс+ – за подобра исхрана и квалитетен живот кај лицата со дијабет

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација

Македонски Концепт бара намалување на бројот на министерства и фузија на ресорите

Македонски Концепт, како изразито десничарска политичка партија и составен дел од владејачката коалиција, ја поддржува потребата од темелна реконструкција на Владата на Република Македонија, насочена кон рационализација на институциите, намалување на бројот

„Заигра“ метлата во Скопје, се чисти градот и се бркаат неработници

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по симболичното предавање на функцијата од досегашната градоначалничка Данела Арсовска, започна со реализација на своето изборно ветување — чистење на главниот град, кој со месеци
Go toTop