​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

October 7, 2024
1 min read

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а тоа е буквално сите општини да можат да добијат пари за реализација на проекти кои ќе решат децениски проблеми на граѓаните-изјави во вечерашното гостување во ТОП ТЕМА градоначалникот на Кисела вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

-Ова е ова прв проект од ваков тип кој се спроведува на овој начин и претставува модел кој овозможува транспарентност и ќе придонесе да се решат повеќедецениски проблеми на граѓаните. Она што е важно е дека како никогаш претходно, ќе нема заборавени општини, односно согласно моделот, ќе добијат финансиски средства согласно бројот на жители и изготвените проекти. До крајот на неделата од државата ќе излезат податоци за распределба на средствата наменети за проектите на општини. Крај на февруари почеток на март се очекува нов повик на општините да аплицираат пак, па евентуално утврдените аномалии од првиот повик, сигурно ќе бидат надминати-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потенцирајќи дека претходната Влада давала пари за раздолжување на општините и на тој начин стимулирала генерирање на нови долгови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Откриено оружје и експлозив во куќа во Северна Митровица, распишана потерница по две лица

Следно

Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop