(ВИДЕО) Приврзаниците на Болсонаро упаднаа во бразилскиот Конгрес

January 8, 2023
1 min read

Поддржувачите на бразилскиот, екстремно десничарски поранешен претседател Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот и Врховниот суд и ја опколија претседателската палата.

Драматичните сцени доаѓаат една недела по инаугурацијата на левичарскиот ветеран Луис Инасио Лула да Силва.

Приврзаниците на Болсонаро кои одбиваат да прифатат дека тој ги загубил изборите, ги пробиле полициските бариери во главниот град Бразилија. Полицијата употребила солзавец, но не успеалa да ги одбие демонстрантите. Тие ги скршиле прозорците, додека други стигнале и до салата на Сенатот, каде скокнале до седиштата и ги користеле клупите како лизгалки.

Многумина прават споредби со упадот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на Доналд Трамп, инаку сојузник на Болсонаро.

Поддржувачите на Болсонаро бараат воена интервенција и оставка на Силва – попознат како Лула, кој го победи својот екстремно десничарски ривал на изборите во октомври.

Болсонаро повеќе пати рече дека не сака да му ја предаде претседателската функција на Лула да Силва и ја доведе во прашање легитимноста на октомвриските избори на кои беше тесно поразен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО – од утре пресврт во времето, особено вистинска зимска идила не очекува во овој ден од неделата!

Следно

ЌЕ ЧЕКАМЕ ДОЛГО ЗА СЛЕДНИОТ СПОЕН ВИКЕНД – до крајот на јануари не очекува уште еден неработен ден, еве кој месец има рекордни неработни денови

Latest from Blog

УНЕСКО: Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата во математика- тоа не е добро

Во 2023 година, уделот на земјите каде што момчињата се побројни од нив достигна ниво невидено во речиси триесет години, истакнува УНЕСКО. „Овој тренд е загрижувачки“, предупредува организацијата на ОН, според која

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата. Осомничениот, во периодот

Иран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година. „Министерството за млади и спорт објави дека нашата
Go toTop