Хонорарниот снимател кој работел и за АА го загуби животот во израелски напад врз Газа

October 6, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Хасан Хамад, кој како хонорарен снимател (фриленсер) материјали ѝ испраќал и на АА, го загуби животот во нападот што израелската армија го изврши во северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Телото и заштитниот елек на Хасан Хамад, кој го загуби животот во израелското бомбардирање на неговата куќа во бегалскиот камп Цибалија, беа донесени во болницата „Кемал Адван“ во Појасот Газа.

Мохамед Хамад, брат на палестинскиот новинар Хасан Хамад, изјави дека само по косата можел да го препознае својот брат, кој дошол кај него да го сними движењето на израелските тенкови, бидејќи по нападот телото му распарчано.

Мохамед Хамад рече дека неговиот брат од вчера известувал за нападите на Израел врз северните делови на Појасот Газа.

 

– Бројот на убиени новинари во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 175

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави писмено соопштение во кое се наведува дека палестинскиот новинар Хасан Хамад го загубил животот во израелското бомбардирање на неговата куќа во бегалскиот камп Цибалија.

Се истакнува дека бројот на новинари убиени во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година е зголемен на 175.

Во соопштението се повикуваат меѓународната заедница и меѓународните организации поврзани со медиумите „да воведат санкции кон Израел за да престане да убива палестински новинари и да се преземат мерки да му се суди пред меѓународните судови за злосторствата што ги извршил“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нормализиран сообраќајот на патот Велес – Скопје

Следно

Пожар во подрумските простории на општина Тетово

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop