Во Јабланица почна тридневна жалост

October 6, 2024
1 min read

По катастрофалните поплави што ја зафатија Босна и Херцеговина, продолжува потрагата по исчезнатите. Според последните податоци, дваесеттина лица загинале, а уште толку се водат како исчезнати. Најтешко е во Јабланица каде што е прогласена тридневна жалост. Снимките од воздух сведочат за ужасот во областите погодени од поплавите.

„Се уште има седум лица кои се водат како исчезнати. Спасувачки операции има во сите погодени области. На располагање ни се и војската и еден специјален воен тим од Британија, како и тимови за заштита и спасување.“ – Дамир Шабановиќ началник на општина Јабланица.

Голем број жители од погодените подрачја останаа без домови.

„Водата ми ја однесе шталата, возилата, добитокот. Се ми е уништено“.

„Се почна во текот на ноќта, немаше можност ништо да се спаси. Водата носеше се пред себе. Дојдоа багери и успееја да извлечат некои од жителите“.

На терен во Јабланица се уште има околу 60 спасувачи од цела БИХ, Хрватска, а пристигнаа и колеги од Србија и ЕУ. Аспецијални тимови работат на воспоставување на сообраќајната, телекомуникациската и електроенергетската инфраструктура во погодените подрачја. Инаку, во Босна и Херцеговина се гласа на локални избори, Исклучок се општините каде што изборите беа одложени поради поплави и свлечишта.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе му помогнам на Ахмети да ја исчисти ДУИ од криминалците, порача Мицкоски

Следно

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop