Нов Зеланд прогласи вонредна состојба

February 13, 2023
1 min read

Циклонот Габриел зафати област околу 100 километри североисточно од Окленд и ги опустоши помалите острови. Меетсервис објави дека обилните врнежи во областа Окленд веќе поминале, но сега ќе го зафатат јужниот дел на островот

Владата на Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба, трет пат во својата историја, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот Остров.

„Времето е без преседан и во голема мера влијае на поголемиот дел од Северниот Остров“,

рече министерот за управување со вонредни состојби Киеран МекАнулти.

Национална вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во раните денови на пандемијата на коронавирус.

Циклонот Габриел зафати област околу 100 километри североисточно од Окленд и ги опустоши помалите острови. Меетсервис објави дека обилните врнежи во областа Окленд веќе поминале, но сега ќе го зафатат јужниот дел на островот.

Циклонот донесе силен дожд, предизвика поплави и силен ветер низ Северниот Остров, поради што жителите на бројни помали крајбрежни градови беа евакуирани. Поставени се центри за евакуација низ целиот Северен Остров. Многу жители се без струја, патиштата се затворени, а некои градови се целосно отсечени од остатокот од островот.

Фото: Илустрација

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ОВОЈ СЕИЗМОЛОГ ЌЕ ВИ ЈА ЗАЛЕДИ КРВТА – денешниот земјотрес во Романија е само подготовка за тоа што следува, не е главниот на Балканот!

Следно

Остатоци од соборен кинески балон пронајдени во Атлантскиот океан, соопштија САД 

Latest from Blog

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop