Екипи на турската Црвена полумесечина дистрибуираат храна и вода за жителите зафатени од поплавите во БиХ

October 5, 2024
1 min read

САРАЕВО (АА) – Екипите на турската Црвена полумесечина синоќа беа на терен и им помагаат на жителите на подрачјата погодени од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, известува Анадолу.

Делегацијата на турската Црвена полумесечина во Босна и Херцеговина соопшти дека се на терен и дека заедно со други спасувачки екипи, во координација на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, им доставуваат храна и чиста вода на локалното население.

Најмалку 18 лица загинаа во катастрофалните поплави и свлечишта што ги предизвикаа поројните дождови во Босна и Херцеговина.

Според последните информации од МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), на подрачјето на Јабланица загинале 16 лица.

Вчера беше соопштено дека во Фојница животот го загубила постара жена. Исто така, во градот Гојевиќи кај Фојница, во еден од поплавените автомобили е извлечено тело на маж.

За жал, бројот на жртви би можел да биде поголем бидејќи сѐ уште се трага по неколку десетици луѓе исчезнати во северна Херцеговина, но и во централна Босна, посочија официјални лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, ова е само почеток – градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени

Следно

Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop