ЦУК: 11 пожари на отворено, 9 пожарникари дежураат кај зградата во Чаир

October 4, 2024
2 mins read

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало 1 743 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112 и 11 пожари на отворено на територија на цела држава, кои се изгаснати.

Од 1 743 повици, „реални“ биле 61,04 отсто, а 38,96 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,04 отсто, кон итната медицинска помош 25,36 отсто, а кон пожарникарите 8,33 отсто од реалните повици кон 112.

ЦУК потсетува дека пожарот во магацинот во подрумските простории во зграда на улицата „Прохор Пчински“ бр.136 во скопската општина Чаир е изгаснат вчера, во 9:30 часот, но превентивно се уште на терен дежураат девет пожарникари со три противпожарни возила.

– Причините за пожарот и висината на направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени, се вели во соопштението.

Скопските пожарникари вчера, од 11:05 до 11:40 часот, гаснеле запалено ѓубре на помала површина во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

ТППЕ Битола синоќа, од 20:20 до 21:45 часот, гаснеле запалено стрниште во атарот на село Српци, Општина Могила.

Тројца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера, од 17:40 до 18:10 часот, гаснеле запалена ниска вегетација кај Дата Центарот.

ТППЕ Струмица во текот на изминатото деноноќие имала три интервенции. Тројца пожарникари вчера, од 18:30 до 20:40 часот, гаснеле запален лозов насад во село Чанаклија, Општина Василево. Седум пожарникари, пак, со две противпожарни возила вчера, во истиот временски период, гаснеле запалена ниска вегетација кај месноста викана Моноспитовско Блато во Општина Босилово. Тројца пожарникари вчера гаснеле запалена депонија кај село Куклиш, Општина Струмица.

Во текот на изминатото деноноќие ТППЕ Штип имала две интервенции. Првата била од 8:50 до 9:40 часот во близина на село Нов Караорман, каде гаснеле запалена ниска вегетација, а втората била од 19:30 до 20:40 часот во атарот на село Долни Балван, каде гаснеле нива со ожнеана пченка и ниска вегетација. Во двата случаи интервенирале со по двајца пожарникара и едно возило.

ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден имала две интервенции поради запалена сува трева. Интервенирале од 13:05 до 13:40 часот во атарот на село Пчиња, кај месноста викана Ристово Трло и од 15:05 до 16:00 часот во населбата Рајкова Куќа. Во двата случаја интервенирале со по тројца пожарникари и едно возило.

РЦУК Тетово информира дека ТППЕ Тетово вчера, од 8:00 до 8:40 часот, гаснела запалено ѓубре кај пругата на влезот во Тетово, а имале и уште една помала интервенција.

Поради заштита од евентуални поплави, РЦУК Прилеп известува дека во текот на вчерашниот ден е одржан превентивен координативен состанок во Општина Прилеп за евентуалните опасности од поплави и претстојниот зимски период. На состанокот покрај претставници од РЦУК Прилеп и ДЗС Прилеп, имало и претставници од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Присуствувале и претставници од АД „Водостопанство“, јавните претпријатија, Инспекторот за води и останатите надлежни служби и дејности.

– Донесени се заклучоци со кои се задолжуваат трите општини (за во урбаните средини) и АД Водостопансто – „Прилепско Поле“ (за надвор од населените места), согласно нивните надлежности, да извршат чистење на коритата и санација на критичните точки од реките и каналите, а јавните претпријатија да извршат проверка и чистење на атмосферската канализациска мрежа. Констатирано е дека моменталната состојба со водотеците е добра на територија на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, односно нивоата на реките се под просекот, а вештачка акумулација „Прилеп“ е празна и има можност за акумулирање на околу 6.000.000 метри кубни вода, се наведува во соопштението од ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангеловска-Бежоска: Поголема застапеност на жените на пазарот на труд за поголема отпорност и раст на економиите

Следно

Израелскиот воздушен напад го прекина патот што ги поврзува Либан и Сирија

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop