4-тиот по ред Фестивал на биодиверзитет „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“

October 3, 2024
1 min read

„Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ е името на 4-тиот по ред Фестивал на биодиверзитет што ќе се случува оваа сабота, 5 октомври, од 10 до17ч во Јавна соба (Public Room).

Настанот е замислен како неформално дружење, журка за сите ама и одлична прилика да се купи нешто наше, автентично и вкусно. Во центарот на внимание ќе биде деликатесот што го има само во Скопје: омилената симит погача, што многумина ја нарекуваат „тесто во тесто“, симбол на градот, на мултикултура и врв на вкусна едноставност.

Фестивал на биодиверзитетот традиционално дава можност да се дознаат многу работи за локалните производители од сите конвивиуми на Слоу Фуд Македонија: разни вкусови, благо, солено, луто, гастрономски деликатеси во тегли -ајвар, пинџур, џем, слатко…, се природно, со вкусови што враќаат во детство, потоа- традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.. Оние што не го запознале вкусот на тартуфи ова е можност да се вљубат во некој од производите на оваа печурка а тука се вклучени и презентации: пивски и вински, дегустации на ракија и ликери… Ајде на здравје!

Предвидени се и два мастер класа: точно напладне, во 12 часот ќе се одржи работилница за тестенини, а еден час подоцна- работилница за занаетчиско пиво.  

Настанот го организира Слоу Фуд Водно, со подршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Сите домашни и меѓународни оценски анализи укажуваат на тоа дека работата во судството и правосудството не е како што треба

Следно

Објавена програма за Андерфест фестивал 6, почнува на 1 ноември

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop