Меси го освои 46. трофеј во кариерата

October 3, 2024
1 min read

Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“.

Ноќеска на гостински терен, Интер Мајами го победи Колумбус Кру со 3:2 и ја обезбеди првата позиција на Истокот, со оглед на разликата од недостижни 11 бода во однос најблиските конкуренти на два меча пред крајот на регуларнито дел од сезоната во американската фудбалска лига.

Минатата година 37-годишниот Аргентинец го освои Лига купот со Интер Мајами.

Меси претходно играше и за ПСЖ со кој двапати го освои францускиот шампионат и го освои Суперкупот на Франција и за Барселона со која освои 34 трофеи.

Со Аргентина, Меси ги освои Светското првенство (2022), Копа Америка (2021, 2024), Финалисима (2022), Олимписките игри (2008) и Светското младинско првенство (2005). (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на расни кучиња на 12 и 13 октомври на Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје

Следно

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop