Канцеларијата за медиуми: Израел изминатава година целосно истреби 902 палестински семејства од Газа

October 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија истреби 902 палестински семејства во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, објави денес владината Канцеларија за медиуми во Газа, јавува Анадолу.

„Како дел од тековниот геноцид вршен од страна на израелската окупаторска армија со целосна американска поддршка, окупаторската армија истреби 902 палестински семејства, бришејќи ги од граѓанскиот регистар со убивање на сите нивни членови во период од едногодишниот геноцид во Газа“, соопшти Канцеларијата за медиуми.

Со неверојатни бројки, Канцеларијата истакна дека израелската армија „истреби 1.364 палестински семејства убивајќи ги сите нивни членови, оставајќи само по еден по семејство, и на сличен начин збриша 3.472 палестински семејства, оставајќи само две лица по семејство“.

„Овие масакри се случуваат со учество на неколку европски и западни земји кои ја снабдуваат окупацијата (силите) со смртоносно и меѓународно забрането оружје, како што се Велика Британија, Германија, Франција и други“, додаваат од Канцеларијата.

Оттаму ја повикаа „меѓународната заедница и сите меѓународни организации да извршат притисок врз американската администрација и криминалната окупација да го запрат геноцидот и да го запрат тековното и континуирано крвопролевање.“

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш, во израелските напади убиени се речиси 41.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 96.600 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали

Следно

Кошмарна ноќ за фаворитите во ЛШ – порази на Реал Мадрид и Баерн Минхен

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop