Трипуновски: За овие 100 дена нема сегмент каде што не се посветивме, работиме напорно во корист на земјоделците

October 2, 2024
2 mins read

Она што го наследивме со самото влегување во Владата, во Министерството за земјоделство, е еден тотален хаос, наидовме на едно девастирано министерство, закочени проекти, неисплатени субвенции, уништено водостопанство, неподелени плати за вработените во ЈП Македонски шуми и во АД Водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.

„Во една реченица можам да кажам дека наидовме на едно тотално блокирано министерство поради неработењето на претходната власт“, заклучи тој.

Министерот Трипуновски посочи дека во првите 100 дена во Министерството се даде силен фокус да се откочат сите процеси. Затоа приоритет беше исплатата на субвенциите, и на втората седница на Влада се донесе измена на Програмата за директни плаќања и Уредбата, со што се обезбедија околу 600 милиони денари за исплата на заостанати субвенции. Со оваа исплата беа опфатени полјоделците, сточарите, производителите на млеко, лозарите итн.

„Со оваа брза интервентна исплата исплативме субвенции спрема 15.000 земјоделци. Оваа помош на земјоделците во делот на неисплатените субвенции продолжи и со ребалансот на Буџетот каде што обезбедивме повеќе од една милијарда денари и тие се за заостанати обврски кон земјоделците“, појасни министерот.

„Околу 3.000 вработени беа оставени без здравствено и пензиско осигурување, без месечни примања. На предлог на премиерот обезбедивме 350 милиони денари. И платите за овие вработени беа експресно исплатени, затворивме неколку Јавни повици, склучивме над 967 договори со земјоделци ширум Македонија. За површина е некаде над 2.700 ха, што значи дека веќе го работиме процесот на распределба на земјоделското земјиште“, истакна тој.

Тој додаде дека се исплатени над 493 милиони денари во делот на поддршката за мерката за зелена нафта. И исто така министерот најави дека се работи на модификација на оваа мерка бидејќи смета дека не е во полн ефект спрема земјоделците. И од наредната година ќе биде со корегирана сума и ќе биде поддршка која ќе е на задоволство на земјоделците.

„Поделивме и над 6 милиони денари за 50-тина манифестации и саеми кои што се одржуваат за промоција на земјоделското производство ширум државата. Дел од нив веќе се спроведуваат, а дел од нив ќе завршат до крајот на годината“, нагласи тој.

„Бевме во многу сектори вклучени, и дури се фокусиравме за заштита на нашето најголемо национално богатство, а тоа се македонските шуми. Со впрегнување на сите сили на Шумската полиција се направија десетици акции ширум територија на Република Македонија, во различни делови. Имавме преку 16 успешни акции каде што се заплени голема количина на дрвна маса, на превозни средства, алат за сечење итн.“, појасни министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека се склучија и два договори со два субјекти за порибување на Охридското езеро. Изминативе години немаше порибување на Охридското езеро што се стави под знак прашалник и опстанокот на нашата охридска пастрмка.

„Немаше сегмент каде што не се фокусиравме и каде што не дадовме акцент, ги раздвиживме работите каде што беа закочени“, нагласи тој.

Министерот посочи дека со одлука на Влада се донесе одлука да се зголеми поддршката на површина за производство на јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари. А, за пченицата преку Програмата за интервентен фонд се обезбедија средства и ќе се поделат по 3 денари за килограм предадена пченица во регистрирани откупни центри.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тема: Убавините на Шара недоволни да го покријат човековото злодело од диви депонии, дива сеча на шумите и неконтролираната употреба на водните ресурси

Следно

Италија има плажа поделена со ѕид на машки и женски дел

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop